Од Скопје до Америка as soon as possible

Bez autora
Jul 12 2011

Се отвора можност Македонија и САД директно да се поврзат со авиолинија. Наскоро македонската Агенцијата за цивилно воздухопловство и воздухопловните власти на САД ќе парафираат спогодба и ќе потпишат меморандум за соработка и регулирање на воздушниот сообраќај меѓу двете земји. Од АЦВ појаснуваат дека станува збор за либерализирана спогодба за отворено небо, при што секоја од двете земји го отвора небото за летови на компании од другата држава, на кои им се дава слобода сами да одредуваат дестинации, фреквенции, цени и продажба на авиобилети. - Во тој случај државата има минимално учество и регулирање. Сега единствено се чека авиокомпанија која ќе понуди директна линија до еден од американските аеродроми - вели директорот на АЦВ, Дејан Мојсовски. Од АЦВ наведуваат и дека деновиве се зголемува и бројот на нискобуџетни авиокомпании, кои воспоставуваат летови со нашите аеродроми. Покрај веќе актуелните Пегасус, Ер Берлин и Визер, уште една германска нискобуџетна авиокомпанија Герман скај најави летови кон и од Македонија, на линијата Дизелдорф - Скопје и обратно.

Од Скопје до Америка as soon as possibleСе отвора можност Македонија и САД директно да се поврзат со авиолинија. Наскоро македонската Агенцијата за цивилно воздухопловство и воздухопловните власти на САД ќе парафираат спогодба и ќе потпишат меморандум за соработка и регулирање на воздушниот сообраќај меѓу двете земји.

Од АЦВ појаснуваат дека станува збор за либерализирана спогодба за отворено небо, при што секоја од двете земји го отвора небото за летови на компании од другата држава, на кои им се дава слобода сами да одредуваат дестинации, фреквенции, цени и продажба на авиобилети. 

- Во тој случај државата има минимално учество и регулирање. Сега единствено се чека авиокомпанија која ќе понуди директна линија до еден од американските аеродроми - вели директорот на АЦВ, Дејан Мојсовски.

Од АЦВ наведуваат и дека деновиве се зголемува и бројот на нискобуџетни авиокомпании, кои воспоставуваат летови со нашите аеродроми. Покрај веќе актуелните Пегасус, Ер Берлин и Визер, уште една германска нискобуџетна авиокомпанија Герман скај најави летови кон и од Македонија, на линијата Дизелдорф - Скопје и обратно. Чартер летови на релација Рим - Скопје и обратно од вчера најавила и италијанската авиокомпанија Мистрал ер, која ќе лета во јули, август и септември, додека од Бел ер има најави за нов лет Цирих - Скопје, со што бројотна авиоопревозници кои ќе сообраќаат на оваа дестинација ќе се зголеми на пет. - Со вклучувањето на овие нови нискобуџетни авиопревозници на нови или на постојни дестинации очекуваме значително поевтинување и пад на цените на авиобилетите и за 50 отсто - вели Мојсовски.

Тој најавува дека летово во соработка со концесионерот ТАВ Македонија стартуваат со кампања за граѓаните, со цел да се обезбеди посигурен и поефикасен авиосообраќај од нашите аеродроми. Ќе се постават информативни бироа, односно пунктови на кои патниците ќе можат да добијат информациии за нивниот лет, или, пак, да се пожалат, ако е потребно. Мојсовски смета дека со тоа патниците ќе бидат позаштитени, а авиокомпаниите ќе бидат принудени подобро да ги исполнуваат своите обврски.

- АЦВ со ова практично го започнува проектот за промоција на правата на авиопатниците, при што на овие пунктови наши овластени лица ќе даваат неопходни информации за правата на патниците, или ќе им помагаат во случај на жалби, и тоа нонстоп. Ќе се воспостави и посебна телефонска линија која ќе се користи за одобрување летови, за информирање на патниците, за поднесување жалби од нивна страна и до неа се доаѓа на интернетската страница на Агенцијата за цивилно воздухопловство, www.caa.mk - вели Мојсовски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik